Немаше голови меѓу Работнички и Брегалница во пријателскиот меч кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.
За романтичарите ова беше прв претсезонски тест летово, додека Брегалница по триумфот од 2-0 над Победа сега не успеа да го искористи напаѓачкиот потенцијал.
Во вториот контролен натпревар, Македонија Ѓорче Петров ремизираше при конечни 1-1 против романскиот состав на Политехника Јаси. Гостите поведоа во 44-тата минута со голот на Карачанаков, за конечниот резултат да го постави Абази во 71-та минута.