Работнички и кога е оставен на милост и немилост е доволно добар да го победи Пелистер

Кошаркарите на Работнички победија против Пелистер со 84:70, во дербито на осмото коло на Прва македонска лига. За Работнички ова е шеста победа сезонава, а битолчани го претрпеа третиот пораз.

Пред само два дена, кошаркарите на Работнички преку соопштение посочија дека немаат топки, дека сами си плаќаат термини за тренинзи и дека се оставени на милост и немилост од управата, но и покрај сите тие проблеми, на теренот покажаа дека се подобри од Пелистер.

Работнички го контролираше резултатот во речиси целиот меч. Пелистер само во првите неколку минути парираа. Од 14:15, Работнички со серија од 8:0 стигнаа до 22:15, а на полувреме заминаа со предност од девет разлика (43:34).

Во второто полувреме Работнички постојано имаше контрола на резултатот. Прв пат имаа двоцифрена преднсот на стартот од третата четвртина (45:34). Во последнте 10 минути Пелистер едиснтвено успеа да намали на 69:66, но Работнички со низа од 9:1 стигна до 78:67 и ги реши сите дилеми околку победникот.

Домашниот терен го искористи и Чари 2030 победувајќи го Тиквеш со 79:70, а Куманово славеше на гости кај Шкупи со 83:57.

- Оглас -

Најнови вести