Работнички и МЗТ Скопје Аеродром фаворити за први победи во плејофот

Најтрофејните македонски кошаркарски клубови, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром вечерва се домаќини на Блокотехна, односно Гостивар, во првите мечеви од полуфиналето на плејофот во кошаркарското првенство. МЗТ Скопје Аеродром заврши како првопласиран по суперлигашкиот дел и е фаворит против Гостивар, кој заврши на четвртото место.

Во досегашните четири меча сезонава, МЗТ се радуваше три пати, а гостиварци беа подобри во последниот меч, одигран пред помалку од 10 дена. Средбата во „Јане Сандански“ стартува во 20:15 часот.

Актуелниот првак Работнички одбраната на тронот ќе ја има против Блокотехна. Овие два тима досега се сретнаа пет пати сезонава. Блокотехна ги доби двата меча во Супер лигата, додека во основниот дел од двата тима се радуваа по еднаш. Работнички го доби најважниот меч во досегашниот дел од сезоната, а тоа беше во финалето од Купот. Скопјани се радуваа на триумф од 85:71.

Мечот во Скопје ќе се игра во Борис Трајковски, бидејќи „домот“ на актуелниот првак не доби дозвола да биде место каде ќе се играат мечевите од Супер лигата и плејофот. Стартот на дуелот е во 19 часот.

На двата меча може типувате во Sport Life обложувалниците, каде може да ја проверите и целосна понуда од македонските кошаркарска плејоф завршница.

 

- Оглас -

Најнови вести