Работнички и Пелистер повторно победија, на чекор се од полуфинале во кошаркарското првенство

Екипите на Работнички и Пелистер вечерва забележаа нови победи и веќе имаат водство од по 2-0 во сериите подобар од пет против Феникс, односно Еуро Никел. Доколку минат во полуфиналето, тоа би значело дека меѓусебе ќе играат за пласман во големото финале.

Работнички вторпат го победи Феникс, овој пат со 100-94, откако клучната серија за победа ја направи во третата четвртина која ја доби со 36-18. Пелистер повторно немаше проблеми со кавадерчки Еуро Никел, но овој пат го победи со далеку помала разлика од првиот натпревар, 90-85.

Серијата помеѓу Чаир и ТФТ продолжува утре, а чаирчани имаат предност од 1-0, додека МЗТ Скопје и Гостивар својот втор натпревар ќе го одиграат во сабота, поради настапот на актуелниот шампион во четвртфиналето од јадранската АБА-2 лига.

- Оглас -

Најнови вести