Работнички и Шкендија денеска од 15:30 часот на стадионот на ФФМ ќе го одиграат одложениот натпревар од четвртото коло во Првата лига. Шкендија со евентуален триумф сака да го задржи чекорот со водечките екипи, додека Работнички посакува бодови за да побегне од долниот дел на табелата, со оглед на слабиот старт на сезоната.
Според квотите, јасно е дека Шкендија е фаворит. Квотата за триумф на Работнички е 6.00.

По седум одиграни кола, на врвот на табелата во Првата лига се Струга Трим Лум и Вардар со по 19 освоени бода. Шкендија има 14 и натпревар помалку, додека Работнички е на претпоследното место со четири бода.
