Македонските клубови Работнички и Силекс, кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, ќе одиграат пријателски натпревар во среда со почеток од 18:30 часот на комплексот на ФФМ, кој ќе биде воедно и генерална проба пред настапот во Европа.
Овој дуел ќе биде посебно значаен, бидејќи на него за првпат ќе се имплементира ВАР технологијата, која од новата сезона ќе биде редовен дел од сите натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Со ова, Работнички и Силекс ќе бидат првите екипи што ќе го тестираат ВАР-системот во Македонија.
Во квалификациите за Конференциската лига, Работнички ќе се сретне со белорускиот Торпедо-Белаз, додека Силекс ќе игра против црногорскиот Дечиќ.