Вонредното 22-ро коло во Првата фудбалска лига носи два дерби-натпревари. На теренот на ФФМ ќе играат Работнички и Вардар, дуел кој секогаш буди посебна возбуда кај скопската, но и кај македонската фудбалска јавност. Првиот дуел оваа сезона заврши 0-0, но овојпат и двата тима се надеваат на триумф, а квотите во Sport Life се одлични.

Лидерот Шкендија гостува крај езерото и ќе игра против актуелниот шампион Струга Трим Лум. Тоа ќе биде деби за тренерот Илчо Ѓорѓиоски пред струшката публика и веројатно последна шанса за Струга ТЛ да се врати во трка за излез во Европа преку шампионатот.
Гостивар е умерен фаворит на гости кај Брера во Струмица, а Тиквеш го пречекува Шкупи, кој има три пролетни победи.
Силекс има тешко гостување кај Беса во Гостивар, а Пелистер ќе се обиде јубилејот 80 години постоење да го зачини со победа против Воска Спорт.
Натпреварите од Првата фудбалска лига почнуваат од 14 часот.