Работнички против МЗТ Скопје, но сепак не е вечно дерби. Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија го пречекува вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром, односно младинците. За првпат кај нас еден клуб има два свои претставници во Прва лига. Младинците на МЗТ минатата сезона се изборија за влез меѓу најдобрите, а уште во првото коло за ривал го имаат Работнички.
Според ждрепката, МЗТ требаше да биде домаќин, но поради зафатеност на салата „Јане Сандански“, мечот ќе се игра во „Градски парк“. Овој меч го има и во понудата на Sport Life, а Работнички е апсолутен фаворит.