Работнички на крилјата на Двејн до „три од три“

Актуелниот вицешампион Работнички ја нанижа и третата победа во шампионатот на Македонија и по тешкото гостување во Куманово со минимални 72:70. Кошаркарите на Димитар Мираковски го одржаа перфкетниот учинок на стартот на сезоната откако ги добија Кумановци со максимално вложен труд и клучни поени во финишот.

Домаќините отворија со 19-13 во првата четвртина, но им дозволија на Центарци да се изборат за егал па во неизвесна завршница да се одлучува победникот. Незадржлив беше Бенџамин Двејн, а најважни поени од неговите 31 беа тројката за 68-66 на околу три минути до крајот, проследи Главчев со уште една тројка, а потоа Американецот беше доволно да даде едно од двете слободни фрлања и да го постави конечниот резултат.

Во составот на Работнички и Младеновски беше двоцифрен со дабл-дабл од 11 поени и 10 скока. Цела петорка на Куманово даде барем по 10 поени, а најмногу реализира Младеновиќ, 17.

По три кола вицепрвакот е прв на табелата со шест бода, по пет имаат Кожув, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар и Еуро Никел.

Останати резултати 3. коло: МЗТ Скопје 2 – Вардар 75:95, Гостивар – МЗТ Скопје 80:78, Кожув – Еуро Никел 86:61, Пелистер – ФМП Академија 92:77.

 

- Оглас -

Најнови вести