Работнички на „поправен“ пред своите гледачи против Пелистер

Кошаркарите на Работнички и Пелистер денеска од 18 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одиграат вториот натпревар од полуфиналната серија во плејофот во домашниот шампионат.
Првиот дуел кој исто така се играше во СРЦ „Кале“ го доби Пелистер со убедливи 63:86 и поведе во серијата кој прв до три победи.  Убедливиот пораз на тимот од Градски парк ги налути „Сити парк бојс“ кои им порачаа на играчите дека нема да дозволат некој да си игра со дресот и честа на Работнички.
Тоа беше прв триумф за битолчани сезонава над Работнички, тимот од Градски парк славеше во двата меча од регуларниот дел од сезоната (92:89 и 98:84).
Работнички и денеска ќе ја има фаворитската улога (1.60), додека таа за Пелистер со два триумфи да се врати во Битола изнесува 2.45.
- Оглас -

Најнови вести