Работнички надополни 20 разлика во последнтата четвртина, но пак загуби

Работнички и дефинитивно ги загуби шансите за место во плејофот во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва загуби од Борац со 82:77, на дуелот кој се одигра на Златибор. Во првите 15-тина минути Работнички успеа да биде во егал со противникот.

Тимот на Димитар Мираковски водеше со 9:5, па и со 14:13, но на крајот од првата четвртина противникот замина со позитива од три поени (20:17). Во втората четвртина беше до 28:28, а потоа следуваше серија на Борац од 10:0 за предност од 38:28, а на полувремето беше 46:32.

Во третиот квартал, Борац не само што ја сочува двоцифрената предност, туку успеа и да ја зголеми на 22 разлика (68:46). На почетокот на последната четвртина Борац водеше со 70:50, а потоа следи добра игра на Работнички. Со серија од 15:0, Работнички стигна до 65:70, а потоа и до 68:72, на пет минути до крај.

Со тројката на Мулалиќ и поените на Бундовиќ Работнички стигна и до водство од 77:76 во последната минута. Борац во следниот напад преку Танасковиќ постигна тројка за нова предност од два поени (77:79). Борац поведе со 80:77, а Питс кој беше најпрецизен со 26 поени, го имаше клучниот шут за тројка, но промаши, па Работнички остана без шанса да направи чудо и на крајот загуби.

Покрај најефикасниот Питс, кај Работнички со двоцифрен број на поени беа и Бундовиќ со 18 и торнтон со 16 поени. Кај Борац, најефикасен беше Танасковиќ кој ја даде и клучната тројка за победа на тимот од Бања Лука.

- Оглас -

Најнови вести