Ален Тупајиќ и официјално од денеска е назначен за нов тренер на екипата на Работнички. Искусниот српски стратег доаѓа во Работнички по разделбата со екипата на Бор.
Тупајиќ во тренерската кариера работел и во бугарскиот клуб Литекс Ловеч, а има и ангажмани во Будуќност Ваљево, каде што беше прв тренер, Напредак Крушевац, каде што беше асистент, исто како и во Раднички 1923, Борац Бања Лука и Колубара.
Главната цел на Тупајиќ во Работнички ќе биде да се обиде да го спаси тимот од Дебар Маало од испаѓање. Романтичарите моментално се на претпоследното место на табелата само со седум бода.

