Салата „Градски парк“ во Скопје полека добива нов лик, стартува втората фаза од планираната целосна реконструкција која треба да заврши до септември.
За реконструкцијата на овој објект, кој е дом на кошаркарите на Работнички издвоени се 2 милиони евра.
Култната сала треба да биде пуштена во употреба во септември, што значи дека кошаркарите на клубот кој има најмногу шампионски титули во Македонија, од следната сезона ќе игра во својот дом, како што им доликува, иако бројот на седишта ќе биде малку помал од порано поради потребите од проширување на делот од теренот до трибините.