Баже Лазаревски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички, како замена за Жикица Тасевски, кој си поднесе оставка по поразот од Вардар.
Лазаревски и досега работеше во клубот, како координатор со младинската академија на „романтичарите“, а сега ќе има сложена задача да го врати првиот тим на победнички колосек.
Работнички има три порази по ред и само со 31 бод е поблиску до битката за опстанок отколку за Европа, што беше главна цел пред почетокот на сезоната.
Лазаревски ќе дебитира на клупата на „романтичарите“ уште в недела, на локалното дерби во Ѓорче Петров против Работнички.