Работнички одработи победа над Пелистер, голманот Јанков одбрани два пенали

Традицијата продолжи, Работнички го надигра Пелистер, овојпат со 3-1. Од последните 13 гостувања во Скопје против дебармаалци, Пелистер победил само еднаш.

Марио Станковски и Фахрудин Ѓурѓевиќ го донесоа Работнички во водство од 2-0 по првото полувреме, и уште тогаш се насетуваше дека домашните ќе освојат три бода, со кои одат привремено на четвртото место на табелата.

На 3-0 зголеми Стефан Јевтоски, а потоа Работнички подзастана. Пелистерци имаа шанса да намалат од пенал, но голманот Ристе Јанков му го одбрани шутот на Ѓорѓи Танушев. Пеналот беше повторен, а Јанков повторно беше поуспешен. Во финишот, Зелено-белите сепак го најдоа патот до голот, стрелец беше Валентин Кочоски, но тоа беше само почезсен погодок за ублажување на поразот.

- Оглас -

Најнови вести