Екипата на Работнички со 4:3 славеше над Брера во првиот меч од 19. коло во Прва фудбалска лига на Македонија. За Работнички ова е прва гостинска победа сезонава, а вкупно втора па сега има 10 бодови, останувајќи на претпоследното место на табелата. Брера остана на 23 бодови и е на шестата позиција.
Уште од самиот почеток Работнички покажа дека е дојден да победи. Новото засилување Џејсон Езеб даде гол во 5 минута за водство од 0:1, а Миле Тодоров израмни во 18 минута.
До крајот на првото полувреме, повторно Езеб погоди за ново водство на Романтичарите од 2:1.

Фуриозно започнаа гостите во вториот дел и веќе во 52 минута имаа убедлива предност од 4:2. Надеж за струмичани даде Тодоров со неговиот втор погодок кога намали на 2:4 во 72 минута. Се играше судиското продолжение кога младиот Андреј Велков погоди за 3:4, но едноставно немаше време за Брера да се спаси од пораз.
Работнички во претходните 18 кола вкупно имаше постигнато само 14 голови, а сега во струумица за само 90 минути игра постигна четири гола, со што покаѓа дека ова може да е еден друг тим за разлика од есенскиот дел и Романтичарите сигурно нема лесно да се предадат во борбата за опстанок, иако уште имаат големо заостанување во однос на ривалите.

