Работнички беше совладан од азербејџанскиот Сабах со 81-83 во второто коло на квалификацискиот турнир во Скопје од ФИБА Европа купот.
Македонскиот претставник одлично отвори, имаше предност од 16 поени разлика во втората четвртина, а потоа следуваа 15-тина лоши минути за Сабах на тренерот Боби Митев, имаше и големи 15 поени предност и се чинеше дека Работнички ќе претрпи нов тежок пораз.
Но, за разлика од вчера, Црвено-белите не потонаа до крај, туку се изборија за драматична завршница во која решаваа еден-два напади во кои Работнички не се снајде.
Трајс со 29 поени беше предводник на Работнички, но Американецот ја имаше и клучната грешка во финишот кога фрли топка во аут при 83-81.