Младите Виктор Ефремовски и Славчо Темелковски против Шкупи ја искористија минутажата која им ја даде Марин Докузовски, и беа меѓу подобрите поединци кај Работнички во рутинската победа од 96:58 во првиот меч од денешното коло во првата кошаркарска лига на Македонија.
Ефремовски за 30 минути на паркетот во „Градски парк“ беше прв стрелец со 21 поен, погоди шест тројки од 11 обиди, додека Темелковски даде 10 поени, а имаше и девет скока, со што беше најдобар скокач во победничкиот тим. Шанса доби и Андреј Јордановски, кој одигра речиси 15 минути. Брандон Билбија со 16 поени и 16 скока беше најдобар кај Шкупи, тим кој уште не знае за победа сезонава.
Останатитре дуели од ова коло се играат попладнево, а дерби е гевгелиската пресметка помеѓу Кожув и Блокотехна, а слободен е МЗТ Скопје Аеродром.