-1.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Работнички пред голем предизвик, сака да биде првиот тим што ќе го победи МЗТ сезонава во првенството

Три натпревари од кошаркарската Суперлига ќе се играат денеска, а секако во фокусот ќе биде вечното скопско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. Според ростерот на кошаркарите, актуелната форма, но и традицијата во последните 20 мечеви, МЗТ Скопје Аеродром е голем фаворит за победа.

Аеродромци имаат 17 победи во последните 20 меча со вечниот ривал. Сепак, Работнички предвреме нема да се предаде. Црвено-белите се мотивирани дека може да направат изненадување во дерби на кое често пати мотивацијата може да биде важен фактор да се стигне до триумф.

МЗТ Скопје сезонава на теренот е доминантен против сите ривали во домашното првенство, но сепак има еден пораз и тоа службен. Тоа беше против екипата на Ангели која го доби дуелот против шампионот поради административна грешка на Штрковите.

Вечното дерби ќе се игра во СРЦ Кале со почеток од 18 часот, а освен овој дуел, денеска на мегдан ќе излезат и Маџари против Феникс 2010, додека Кожув во Гевгелија го пречекува МКК Куманово.

- Оглас -

Најнови вести