Работнички сака да ја продолжи доминацијата, одмазда е целта на МЗТ

Во 17-тото коло од Првата лига на Македонија се среќаваат двата најголеми ривали, актуелниот бранител на титула Работнички во „Градски парк“ го пречекува вицешампионот МЗТ Скопје. Домаќините пред свои навивачи се домантни кога играат против тимот од Аеродром, имаат учинок од 47-17, а Работнички има голема предност и во севкупниот збир на победи против МЗТ, 87-55.

Избраниците на Марин Докузовски воедно ќе се обидат да го забележат и четвртиот последователен триумф над „штрковите“, откако првиот овосезонски дуел во „Јане Сандански“ заврши со 88-90 во корист на „центарци“, а во предвид се земаат и трите победи во финалето од ланската сезона.

Задача на гостите е да стават крај на таа „црна серија“, МЗТ ќе сака да се одмазди и да слави на теренот од Работнички за првпат по декември 2015 година. Во спротивно, ќе го претрпат седмиот последователен пораз на гостувањата во „Градски парк“.

Во редовите на актуелниот македонски првак ќе недостасува Кире Николовски, додека искусниот Ѓорѓи Чековски овојпат ќе биде во составот откако ја пропушти пресметката која се одигра во ноември минатата година. Што се однесува за МЗТ, Кочов нема да смета на Андреј Маслинко, Љубомир Младеновски и највертојано Марко Симоновски.

Дербито стартува во терминот од 17:30 часот, а истото ќе биде од хуманитарен карактер, каде ќе се собираат донации за семејтвото Љотиќ кое остана без дом.

- Оглас -

Најнови вести