22.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Работнички се раздели со тренерот Бојан Маркоски

Македонскиот прволигаш Работнички ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Бојан Маркоски. Очигледно дека „романтичарите“ очекуваа подобар старт на сезоната.

„ФК Работнички ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Маркоски. Клубот му посакува сѐ најдобро во следните предизвици. Благодариме, Бојан Маркоски“, објави клубот од Дебар Маало на официјалните канали на социјалните мрежи.

По три кола, Работнички има освоено само еден бод.

- Оглас -

Најнови вести