Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички официјално објави дека ја прекинал соработката со тренерот Алпарслан Ердем и неговиот асистент Бобан Бабунски.
Тие не успеаја резултатски да го подигнат тимот, па дојде и разделбата. Работнички по 13 одиграни натпревари во Првата лига, се наоѓа на претпоследната позиција само со седум освоени бода.
„ФК Работнички ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бобан Бабунски. Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина“, објави клубот на официјалните канали на социјалните мрежи.

