20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Работнички се засили и со Елмазоски

Работнички продолжува со засилувања во обид да ја надмине кризата и да избега од опасната зона. По Димитар Трајков, кој дојде на позајмица, ново име во составот е 21-годишниот крилен напаѓач Белул Елмазоски, кој доаѓа од редовите на Шкупи.

Елмазоски е роден во Италија и поминал низ повеќе академии и клубови во пониските италијански лиги, пред во јануари 2025 година да пристигне во Македонија и да го облече дресот на чаирскиот тим. Неговото семејно потекло е од Струга.

- Оглас -

Најнови вести