Работнички се засили со Ревалдо, крилен напаѓач од Јамајка

Македонскиот прволигаш Работнички претстави уште едно засилување во овој летен преоден рок. Нов играч на Романтичарите е Ревалдо Мичел, кој доаѓа од Јамајка, сонародник на Кристоџеј Дејли, новата „десетка“, кој го постигна и победничкиот гол против Силекс (1-0).

Ревалдо Мичел има 22 години, првпат доаѓа во Европа и игра на крилните позиции во нападот.


Тој досега има играно во неколку клубови од Јамајка, Вотерхаус, Арнет Гарденс, Молинес јунајтед и Портмор јунајтед.


Работнички во второто коло од новата сезона ќе гостува во Тетово против Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести