Работнички си купи одлично засилување од Минск

Александр Познак е ново засилување на Работнички, а доаѓа од редовите на 7-кратниот белоруски шампион Динамо Минск. Има 26 години и е дефанзивец, односно игра на стоперската позиција.

Познак има играно за уште неколку белоруски клубови, меѓу кои се и Шахтар Солигорск, Неман и Городеа. Има одиграно и еден меч за белоруската репрезентација.

„Веруваме дека Александр Познак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот, денеска имаше индивудуален тренинг, а веќе од утре ќе му биде на располагање на тренерот Александар Влахо“, вели спортскиот директор, Горан Станковски.

Работнички трет ден се наоѓа на подготовки во Охрид, а в среда ќе одигра пријателски натпревар против Ренова на кој се очекува да дебитира и новото засилување од Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести