Фудбалските возбудувањата во Македонија продолжуваат и денеска и тоа со мечевите од Купот. Попладнево стартуваат мечевите од првото коло во најмасовното клупско натпреварување кај нас.
Денеска со почеток од 16 часот ќе се одиграат вкупно шест меча. Интересно е дека четири прволигашки екипи имаат гостински задачи против ривали кои се од понизок ранг.
Работнички конечно ќе има шанса да го постигне првиот погодок во новата сезона, и тоа на гостински терен во Карбинци. Романтичарите се единствени од сите прволигашки екипи што немаат дадено ниту еден гол по првите три кола, па тој пост треба да заврши со мечот во Купот.
Силекс, кој има перфектни три победи во Прва лига и тоа без ниту еден гол треба да има лесна задача, а без проблеми треба да помине и Македонија Ѓорче Петров кај Љуботен. Брера, која го изненади Вардар во Скопје и одигра 2:2, тој добар резултат сега треба да го потврди и со добра игра и победа на гости кај Охрид.
Денеска ќе играат: Башкими 2008 – Детонит Плачковица, Евротип Онлајн – Силекс, Карбинци – Работнички, Љуботен – Македонија ГП, Охрид – Брера, Победа Валандово – Брегалница.