Работнички со душа го чека новиот спонзор, поразите станаа секојдневие за македонскиот бренд

Кошаркарскиот клуб Работнички, кој е еден од најголемите спортски брендови на Македонија со душа го чека новиот спонзор, српската компанија за телекомуникации М-Тел, а додека не се средат работите во клубот се редат поразите.

Вечерва во Битола кошаркарите на Пелистер беа убедливи и го победија гостинот од Скопје со 92:76.

Босанскиот интернационалец Сеад Хаџифејзовиќ беше незаприлив за одбраната на Работнички и со 29 поени и 9 скока и најдобар и најефикасен играч на мечот од второто коло во Првата македонска лига.

Победникот се чини беше познат по само едно полувреме, а на пауза битолчани заминаа со предност од 47:33, односно со 14 поени позитива.

Американецот Ерик Крафорд се обиде да ги разбуди соиграчите, постигна вкупно 23 поени за Работнички, но гостите успеаја само да ја добијат третата четвртина со 30:25, единствена што им припадна од сите четири периоди вечерва во Битола.

Пелистер има по една победа и пораз по два кола, а Работнички е со два порази на дното на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести