28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Работнички со победа над Шкупи го затвори првото коло во ПМФЛ

Фудбалерите на Работнички со 3:1 го совладаа Шкупи во последниот натпревар од првото коло во Првата фудбалска лига.

Романтичарите поведоа уште во првата минута со голот на Мазари, по што умешно ја чуваа предноста до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, Шкупи тргна поофанзивно и таквата игра вроди со плод во 62-рата минута, кога Илиески го израмни резултатот. Во 81-вата минута по прекршокот на Ричков над Стојановски, судијата Ставрев покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Мурати.

Конечниот резултат го постави Стојановски во четвртата минута од судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести