33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Работнички со реми против Бокељ ги заврши подготовките во Хрватска

Македонскиот прволигаш Работнички со денешниот четврти натпревар на „Медулин куп 2025“ ги заокружи подготовките во Хрватска. Романтичарите го освоија четвртото место на турнирот, откако денеска загубија на пенали (4-5) од црногорскиот прволигаш Бокељ од Котор. Во регуларниот тек натпреварот заврши без голови.

На подготовките во Хрватска, Работнички стартуваше со пораз од српскиот тим Прва Искра Бариќ (1-2), потоа одигра 2-2 против американскиот тим Шарлот, следеше триумф од 2-1 против Младост ДГ и денешното реми 0-0 против Бокељ.

По ова Работнички се враќа во Македонија, каде в недела ќе го одигра последниот тест натпревар против Кожуф, во пресрет на почетокот на вториот дел од сезоната во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести