18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Работнички со стотка против Феникс прв стигна до полуфиналето од кошаркарскиот плејоф

Кошаркарите на Работнички се првите полуфиналисти на плеј-офот од домашното првенство, откако со чисти 3-0 го елиминираа градскиот ривал Феникс. После двете победи на домашен терен во „Кале“, Работнички победи и на гостувањето во „Јане Сандански“, и тоа убедливо со 91-106.

Според пласманот во регуларниот дел, Работнички и МЗТ Скопје може да се сретнат само во финалето, бидејќи ги освоија првите две позиции со ист број бодови, но актуелниот шампион ќе има предност на домашен терен.

Сепак, за да дојде до ваква пресметка во финалето, Работнички најпрво ќе мора да сочека кој ќе биде нивниот противник во полуфиналето, а потоа и да го елиминира по принципот „подобар од пет“. Клубот од „Градски парк“ во полуфиналето го чека победникот од дуелот помеѓу Пелистер и Еуро Никел, во кој битолчани веќе имаат водство од 2-0, откако двапати го победија ривалот од Кавадарци на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести