Работнички во АБА 2 служи само за противниците да ја подобруваат кош-разликата

Екипата на Работнички загуби убедливо со 94:75 на гостувањето кај Сутјеска, во меч од петото коло на регионалната АБА 2 лига. За Работнички ова беше петти убедлив пораз во петтото коло и убедливо е на последното место во групата во која се уште и екипите на Босна и Војводина.

Само во првото полувреме Работнички му даде отпор на домаќинот. Гостите од Скопје водеа со 20:19, потоа имаа предност и од 39:37 во средината на втората четвртина, но сепак на полувреме Сутјеска замина со предност од 49:45.

Веќе на почетокот на третата четвртина Сутјеска заигра многу подобро и првпат дојде до двоцифрена предност 62:50, а потоа играчите на Работнички „се предадоа“ и на крајот загубија со 19 поени разлика.

Во досегашните пет меча Работнички има кош-разлика од 327 дадени и дури 441 примени поени, што значи дека има негативна кош разлика дури од 114, односно губи во просек со 22,8 поени по меч.

Во последното коло Работнички дома ќе игра против Војводина.

- Оглас -

Најнови вести