Кошаркарите на Работнички вечерва (20.30 часот) има шанса да стане првиот полуфиналист во разигрувањето за титулата во македонскиот шампионат.
Тимот од Градски парк славеше во првите два меча кои ги играше како домаќин против Феникс 2010 (84:80 и 100:94) и вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра третиот дуел од четвртфиналната пресметка која се игра до три победи.
Работнички е голем фаворит за триумф (1.42) иако првите два дуели ги доби потешко од очекувања.
Овој дуел може да биде последен за македонскиот репрезентативец и член на Феникс 2010, Бојан Трајковски, бидејќи најави заминување во пензија по завршување на сезоната.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје пак од 18 часот, исто така во СЦ „Јане Сандански“ ќе го игра вториот натпревар од четвртфиналната серија против Гостивар. Металците во првиот меч славеа со 87-78 и вечерва се апсолутни фаворити за триумф (1.03).
Денеска ќе се играат и два меча од плеј-аутот за опстанок во Првата лига, Кожув е фаворит против Охрид, а далеку понеизвесен дуел се очекува да биде тој меѓу Вардар и Академија ФМП.
Утре ќе се играат и останатите два меча од четвртфиналето, Пелистер води со 2-0 во победи против Еуро Никел 2005 и во Кавадарци има шанса да го завери пласманот во полуфиналето, додека понеизвесно е во серијата меѓу ТФТ и Чаир 2030. Во оваа серија, ТФТ направи брејк за 1-1 во победи и следните два меча ќе ги игра на домашен терен.