Работнички водеше до 90 минута против Шкендија, на крајот тетовци победија!

Шкендија останува еднствениот тим во Прва лига на Македонија со максимален учинок, откако во неверојатна завршница успеа да победи на гости кај Работнички со 2:1. За Шкендија ова беше четврта победа во исто толку средби, па сега тимот е на лидерската позиција на табелата со 12 бодови, колку што има и Брера, но струмичкиот тим има одиграно пет дуели.

Работнички водеше со голот на интернационалецот од Уганда, Шафик Кагиму во 28 минута. Романтичарите водеа со 1:0 кога судијата покажа дека ќе се играат дополнителни шест минути. Тогаш започна шоуто на Шкендија. Гостите најпрво израмнија со погодок во 90+1 минута, а потоа по изведен корнер во 96 минута и голема мешаница, топката по втор пат заврши во мрежата на Работнички.

Брера која имаше четири победи во исто толку дуели, го претрпе првиот пораз и тоа на гости кај Брегалница во Штип. Фабрицио Венегас кој доаѓа од Костарика и го носи дресот на Брегалница, беше стрелец на погодокот во 27 минута што на крајот се покажа како доволен за победа над Брера.

Силекс уште еднаш одигра драматичен меч со четири гола и повторно заврши 2:2, а овојпат ривал им беше Македонија Ѓорќе Петров. Гостите од Ѓорче водеа со 2:1 на полувреме, а кратовци со погодок во 82 минута се спасија од пораз.

Без победник заврши и дуелот меѓу Тиквеш и Воска Спорт, а на крајот резултатот беше 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести