Горан Самарџиев ќе го предводи тимот на Работнички во продолжението на кошаркарската сезона. Тимот од Градски парк ја почна сезооната со Димитар Мираковски на клупата, но по слабите резултати на европска, но и домашна сцена, стратегот мораше да си замине.
На местото на Мираковски пристигнува Самарџиев, кој е добро познато лице во Работнички. Како играч, популарниот Шуп дури седум години го носеше дресот на Работнички, со кој се радуваше на неколку титули.
Како тренер, Самарџиев има работено во Фени Индустри (Еуро Никел), кратко време беше во Комаарно во Словачка, а сега ја добива довербата да биде предводник и на Црвено-белите од Скопје.