Работнички загуби од косовскиот тим Балкани на подготовките во Охрид

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, тимот на Работнички, денеска го одигра вториот контролен натпревар во Охрид, и загуби од косовскиот тим Балкани со 0-2, на стадионот „Билјанини извори“.

Иако мечот беше дел од подготовките за настапот во квалификациите за Конференциската лига, „романтичарите“ оставија впечаток дека имаат уште многу да работат, особено во дефанзивната линија, која не изгледаше сигурно и сконцентрирано.

Балкани ги искористи своите шанси уште во првиот дел. Во осмата минута Толај најдобро се снајде по еден прекин и го матираше Васко Василев, додека во 23-тата минута, добро познатото име на македонските терени, Алберт Диене, поранешен фудбалер на Шкупи, ја удвои предноста на косовскиот тим.

Во продолжението од натпреварот двата тима имаа уште неколку обиди за погодок, но реализацијата изостана, а конечниот резултат остана непроменет.

- Оглас -

Најнови вести