Радио Монте Карло: Реал Мадрид ги прекинал преговорите со ПСЖ за Мбапе!

Реал Мадрид се откажал од намерата да го купи Килијан Мбапе, објави Радио Монте Карло, кој досега често се покажал како многу веродостоен извор на информации. Кралскиот клуб испрати неколку понуди до ПСЖ за Мбапе, но ниту една од тие не беше прифатлива за францускиот тим, па Реал кренал раце и решил да се повлече од преговорите.

Ако се покаже дека е точно, тоа значи дека Реал ќе има шанса да го земе Мбапе следното лето, кога тој ќе биде слободен, договорот му истекува во јуни, а ПСЖ доби неколку месеци да ја убеди својата ѕвезда да го продолжи договорот со нив.

Но, во оваа партија „покер“ помеѓу раководствата на двата клуба не се исклучува ова да е блеф на Шпанците и да се случи нов пресврт во текот на утрешниот ден.

- Оглас -

Најнови вести