Радоњиќ се изглупира со некултурен гест кон Манчини, го чека казна кога ќе се врати од Катар (Видео)

Српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ имаше глуп и некултурен гест на дуелот меѓу Рома и Торино и постапи крајно неспортски во дуелот со капитенот на Волчицата Џанлука Манчини.

Радоњиќ се фати за „машкоста“ гестикулирајќи некултурно кон противничкиот ривал и за чудо неговиот гест не беше санкциониран од судијата.

Сепак српскиот репрезентативец не може да ги избегне камерите кои го фатија непрофесионалниот гест и сигурно ќе биде дополнително казнет.

Радоњиќ е на списокот со 26 репрезентативци на Србија и ќе игра на Мундијалот во Катар, но денеска опасно се посрамоти во Рим.

Мечот меѓу Рома и Торино заврши нерешено 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести