Дејан Радоњиќ со Баерн немаше милост кон „својот“ Будуќност

Баерн Минхен триумфираше на гостувањето кај Будуќност со 89-75, и остана сериозен конкурент во трката за место во плејофот во Евролигата. Сега баварците имаат скор 12-12, колку што има и Басконија со која ги делат осмото и деветтото место.

Во центарот на вниманието во „Морача“ беше тренерот на германскиот тим, Дејан Радоњиќ. Некогашниот црногорски селектор, Радоњиќ, како играч шест години настапуваше за Будуќност, а потоа како тренер цели осум сезони (од 2005 до 2013 година) беше на клупата на Будуќност.

Во Баерн играат пет кошаркари од екс-ју просторите чии презимиња завршуваат на „иќ“, па многумина на шега тимот го нарекуваат Баерновиќ. Најефикасен поединец на средбата беше Владимир Лучиќ, српскиот крилен центар кој не беше омилен кај домашните фанови. Будуќност остана на шест победи во 24 кола во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести