Тотенхем мора да победи вечерва на гостувањето против Ајакс ако сака да се надева дека ќе игра во финалето на Лигата на шампионите. Англискиот клуб досега никогаш не играл во меч за најзначајниот клупски трофеј, а сега е на 90 минути од таква можност.
Лондончани во Амстердам ќе бидат посилни за Сон Хеунг-мин. Јужнокорејскиот репрезентативец ја одлежа суспензијата и подготвен е за денешниот реванш. Тоа што е изненадување само на неколку часа до почеток на дуелот е најавата дека и Хари Кејн може да биде на теренот, но не во стартниот состав. За тоа кои се најавените стартни состави може да прочитате ТУКА.
https://twitter.com/ajaxtimes/status/1126129955350437888
Според пишувањето на британскиот новинар Џим Вајт, голгетерот на Тотенхем ја залечил повредата и е подготвен за можеби најважниот меч во клупската историја. Кејн вчера постираше фотографија на социјалните мрежи на која се гледа дека е во Амстердам.
Wouldn’t miss this. Out in Amsterdam supporting the boys. #COYS #UCL pic.twitter.com/OsK7Ay7AHl
— Harry Kane (@HKane) May 7, 2019