Македонија со реми против Белгија дома и победа над Казахстан на гостински терен го заврши јунскиот прозорец од квалификациите за пласман на Светското првенство. Но не само тоа, Македонија на половина од циклусот е прва на табелата пред Велс и Белгија.
„Нѐ интересираа само три бода, така? Капата долу за сè што направивте на овој собир“, им се обрати селекторот Благоја Милевски на фудбалерите по мечот во Астана.
Во продолжение видеото од атмосферата во нашата соблекувална по победата над Казахстан.