28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Радост за навивачите на Барселона: Меси се согласил на нов двегодишен договор

Уште само два месеци има од актуелниот договор на Лионел Меси во Барселона, а најавите се дека Аргентинецот ќе остане верен на каталонскиот гигант. Меси лани беше многу лут и бараше спогодбено да го раскине договорот со Барселона, но тогаш не му беше дозволено.

Капитенот на Барселона имаше конфликт со тогашниот претседател на клубот Јосеп Марија Бартомеу, но сега ситуацијата е сменета. Бартомеу си замина од функцијата, а на чело на Барселона се врати Жоан Лапорта, кој има одлични односи со Меси. Лапорта најави дека една од главните цели му е да го задржи Меси на „Камп ноу“, а според најавите, тоа и ќе се случи.

Дел од новинарите преку своите твитер-профили најавуваат дека Меси и Барселона се договориле за нов двегодишен договор, што значи дека Аргентинецот ќе остане на „Камп ноу“ до јуни 2023 година. Меси целата кариера ја поминува во Барселона.

Освен што ќе остане во Барселона, Меси од следната сезона покрај себе во нападот ќе го има и соиграчот од аргентинската репрезентација и негов добар пријател, Серхио Агеро. Голгетерот кој 10 години го носеше дресот на Манчестер сити, во Барселона ќе дојде како слободен играч.

https://twitter.com/i/status/1384842699526782977

 

- Оглас -

Најнови вести