Радовишанец е мајстор за погодување ефикасни натпревари, супер добивки и во Волково, Битола и Струга

За тикет кој вчера бил уплатен во едно од уплатните места на Sport Life во Радовиш, исплатени се 181.563 денари, а уплатата била само 30 денари. Овој радовишанец имаше многу причини за славење откако успеа да погоди дури 17 натпревари на кои типуваше дека ќе паднат три или повеќе голови.

Дождот од голови на 17-те меча го имаше во повеќе различни лиги низ Европа, а квотите се движеа од 1.37 до 2.35.

Овој прогнозер најмногу среќа имал кога на три средби, головите за добивка беа постигнати во судиското продолжение. Такви беа случаите на Штутгарт со Карлсруе (таму до 60-та минута беше 0-0), Лацио кај Сасуоло погоди во 91-ва за 2-1, а и Бодо/Глимт во 93-та го даде третиот гол против Кристијансунд.

ВО БИТОЛА ТИПУВАНИ ЧЕТИРИ МЕЧА, УПЛАТА 50 ДЕНАРИ, ДОБИВКА РЕЧИСИ 190 ИЛЈАДИ

Битолчанец потврди дека и само со четири погодени мечеви и уплата од 50 денари може да се добие голема добивка, во случајов 189.881 денари.

На тикетот прогнозирано е дека Ливерпул и Кристал палас ќе дадат гол со тоа што на полувреме ќе биде нерешено, а на крајот ќе слават гостите. Настаните во второто полувреме се одвиваа токму како што посакуваше овој прогнозер. На мечот Фортуна – Баерн, битолчанецот чекал 2-2 и 3-4 гола, па откако Кутињо даде гол за 4-0, повеќе од 20-тина минути се молеше да не падне и петти погодок.

Квота од 13 погоди со истата игра (Х-2 и ГГ) како на Кристал палас – Ливерпул, но на мечот Аталанта – Јувентус. И тука немаше голови во првиот дел, а потоа двата тима погодија со тоа што Јуве славеше. Четвртиот меч на тикетот е Торино – Интер од саботата вечер. И тука е бркано 2-2 и 3-4 гола како кај Баерн. Интер третиот гол го даде во 55-тата минута и застана, таман за добивка од безмалку 190.000.

ВО СТРУГА ИСПЛАТА ОД 252.349 ДЕНАРИ ЗА ПОГОДЕНИ 29 НАТПРЕВАРИ НА ИНТЕРЕСНА ИГРА

Најголемата исплата на еден тикет викендов беше во Струга, каде што еден прогнозер уплатил 500 денари и типувал дури 29 меча. За негова среќа, на сите фудбалски 29 мечеви на кои прогнозирал дека ќе паднат 2-6 гола, имаше токму толку колку што му требаа, па си заработи 252.349 денари.

ГОЛЕМА ИСПЛАТА ОД НАД 240.000 И ВО СКОПСКО ВОЛКОВО

Добивка од 242.689 денари имаше еден прогнозер кој уплатил 1.000 денари на тикет во скопско Волково. Овој прогнозер типувал дека ќе има барем два гола во првото полувреме на пет натпревари (Еспањол – Хетафе, Сондерјиске – Лингби, Алмерија – Нумансија, Болоња – Парма и Кајсериспор – Сиваспор), па само за 45 минути си освои одлична сума пари.

 

- Оглас -

Најнови вести