Александар Златев од Радовиш е победник на втората етапа на акциската понуда на Sport Life наречена „Играј за повеќе“, а во која обложувачот со најголема вкупна квота во секоја од етапите и исполнети услови кои се бараат, добива фантастични 100.000 денари.
Александар беше најуспешен во етапата која траеше од 8-ми до 14-ти јуни, благодарение на добитен тикет со фатена вкупна квота од 983.38, а на тикетот се само шест натпревари, сите со квоти од 2.07 до 4.05.
„Редовно играм секој ден уплаќам по 20 денари на десет тикети, тоа ми е стандард, а играм и на нешто поголеми уплати. Омилени игри ми се Тим 1 и Тим 2 2+ прво полувреме, 1-1 и 3+, три плус, од 1 до 3 гола во двете полувремиња, така, претежно игри на голови. Со 20 денари уплата, најголема добивка ми беше околу 36.000 денари. На овој победнички тикет, се сеќавам дека за малку можеше да испадне недобитен, вториот гол на Раџа Казабланка падна во судиското продолжение од првото полувреме и тоа од пенал. Истиот ден, на 14-ти јуни имав и една друга голема добивка“, раскажува радовишанецот кој себеси си се нарекува мајстор за пишување брзински тикети.
„Најчесто играм фудбал, но знам да уфрлам и играли од НБА, уплаќам и тенис кога се играат гренслемите, Вимблдон, Ролан Гарос. Но, она што нонстоп го играм секој ден е бркам по два гола во прво полувреме за еден од тимовите. Кога играте на голови, потребна е и среќа. Често имам паѓано за по една. Кога ставам четири парови, уплатата ми е поголема, а кога играм шест меча, на помала уплата“, вели Александар.
Сега во фокусот на сите е Европското првенство во Германија, па и Александар не е исклучок.
„Имаше доста голови во првите полувремиња на почетокот на ЕП. На мечот на Шкотска со Швајцарија одиграв Bet Builder со коефициент 50, а не излезе само 3+ голови, другите игри излегоа. Ги играм сите промотивни игри на Sport Life, наоѓам игри и во Специјалниот сингл, во Типстер куп 4-5 пати бев прв“, објаснува Александар кој е редовен посетител на двете уплатни места на Sport Life во неговиот град, а ги користи и поволностите на СЛ клуб картичката.
Омилен тим му е Милан, па затоа и италијанската репрезентација му е фаворит на ЕВРО 2024.
„За Милан сум. Стандардно го играм на тикети. На Европското првенство некако лошо играат сите, а бидејќи навивам за италијански клуб, и Италија ми е омилена репрезентација на ЕП. Мојот Милан на дербито со Интер го играв кец и ГГ. Само таа ме бутна за добивка од 153.000 денари, но имав погодена квота над 1.066, па еве уште ги користам ваучерите, добив ваучери кои може да се уплатат по еден на ден во период од 99 дена“, завршува Александар кој памети и еден случај од ЛШ кога на Спортинг Лисабон чекал 3+ голови за добивка од 100.000, во 20-та минута било 1-0, но така останало и на крај.
Тогаш не му појде од рака да добие 100 илјади, но иста таква сум доби сега од Sport Life за мајсторски одиграниот тикет кој му донесе победа во втората етапа на „Играј за повеќе“.