Радукану откри дека веќе нема нокти на нозете

Британската тенисерка Ема Радукану, која лани како 18-годишна стана ѕвезда по сензационалното освојување на Отвореното првенство на САД минатата година, на шега рече дека дека нема нокти на нозете. Таа не е навикната да игра на земјена подлога и се мачи.

Радукану не ги оправда очекувањата, по триумфот во Њујорк, не успеа да бележи ниту приближно такви резултати, но млада е и има време за светла иднина во тенисот.

„Од тренирањето на земја веќе немам нокти на нозете. Тука се само моите стапала и патиките, постојано се лизгам“, изјави Радукану пред настапот во Били Џин Кинг купот (поранешен Федерејшн куп), каде што Велика Британија игра против Чешка.

- Оглас -

Најнови вести