Радукану: Посакувам медиумите да ги намалат притисокот и очекувањата од мене

Тениската сензација од Отвореното првенство на САД, Ема Радукану, ќе го има својот настап на Индијан Велс.

Британскиот рекет кој направи чудо во Њујорк и од квалификациите успеа да стигне во финалето, а потоа и да ја освои титулата, ќе дебитира во „пустината“, каде што ги замоли медиумите да го оттргнат притисокот од неа.

„Би било подобро кога медиумите ќе намалат со притисокот и очекувањата, бидејќи тоа ми создава дополнителни проблеми. Повеќе размислувам за работи што не треба и затоа е многу потешко да играм.

Моите очекувања се исто како и на ОП на САД, каде што размислувам од натпревар за натпревар“, изјави Радукану.

Младата британска тенисерка е 17-ти носител на овој престижен турнир, а ќе стартува од второто коло. Можни противници ѝ се Александра Саснович од Белорусија или Марија Осорио Сорано, кои вечер ќе ги одмерат силите.

- Оглас -

Најнови вести