Радуловиќ е среќен: Имавме малку играчи, но беа многу храбри (Видео)

Дарко Радуловиќ одлично се снајде во ситуација кога имаше само 9 кошаркари на МЗТ Скопје во ротација на меч што беше „да се биде, или не“ за аеродромци, а победата против Горица со 77:73 им ја посвети на своите играчи.

„Во ситуација кога имавме малку кошаркари во ротацијата, покажавме храброст и им честитам на моите избраници. Горица беше одличен ривал, тоа е добро тренирана екипа и затоа успехот и пласманот во плејофот се уште позначајни“ изјави тренерот на МЗТ Скопје.

Во неизвесен финиш кошаркарите на МЗТ Скопје беа одлични и го решија неизвесниот меч во своја корист во последните три минути. Сега се сигурно во плејофот, а со победа во последниот меч во регуларниот дел во АБА 2 лигата против Златибор може да биде потврдено четвртото место на табелата.

Тој меч ќе се игра на 28.март. Вечерва од 21 часот претпоследниот меч во АБА 2 сезонава ќе го игра Работнички против фенерџијата Домжале. Со победа вториот македонски клуб во АБА 2 може да се надева на повилен расплет и да го избегне плејаутот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести