Радуновиќ е како Роналдо, ладен како шприцер, со еврогол во 97-мата минута ги шокира Турците (Видео)

Ристо Радуновиќ е еден од јунаците на вечерта во која се играа квалификации за настап на Мундијалот во Катар и со еврогол во 97-мата минута од слободен удар ѝ донесе вредно реми на Црна Гора против Турција во Истанбул.

Во драматичната ноќ во европските квалификации за СП во Катар, блескаше и Кристијано Роналдо. Со два гола во финишот на мечот меѓу Португалија и Република Ирска, вториот за победа во 96-тата минута ѝ донесе вреден триумф на својата репрезентација и стана најдобриот стрелец на сите времиња кога станува збот за натпревари на репрезентациите.

Роналдо сега има 111 погодици за Португалија, два повеќе од Али Даеи, легендата на Иран.

Радуновиќ е далеку од подвигот на Португалецот, но во стил на многу попознатиот фудбалер ѝ донесе голем бод на Црна Гора. Со еврогол од слободен удар во 97-мата минута предизвика шок за турските навивачи и израмни на 2:2.

За Радуновиќ, кој е играч на ФЦСБ во Романија, ова беше прв гол во дресот на црногорската репрезентација, а беше вистинско ремек-дело.

Погодокот на 29-годишниот репрезентативец на Црна Гора можете да го погледнете ОВДЕ.

Турција водеше со 2:0 со голот на Ундер во деветтата минута и со прекрасниот погодок на Јазичи по половина час игра, но гостите се вратија во игра и со погодокот на Марушиќ и со евроголот на Радуновиќ освоија многу важен бод во Истанбул.

Резултати: Казахстан – Украина 2:2, Франција – БиХ 1:1, Португалија – Република Ирска 2:1, Данска – Шкотска 2:0, Фарски острови – Израел 0:4, Летонија – Гибралтар 3:1, Луксембург – Азербејџан 2:1, Малта – Кипар 3:0, Молдавија – Австрија 0:2, Норвешка – Холандија 1:1, Русија – Хрватска 0:0, Словенија – Словачка 1:1, Турција – Црна Гора 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести