Радванска најавува крај на кариерата

Агњешка Радванска има проблем кој не може да се реши, па размислува да стави крај на тениската кариера. Полската тенисерка, која има 29 години, се мачи со повреда на стапалото, во септември ја заврши сезоната, а веќе не ја отфрла идејата и за завршување на кариерата.

„Имам проблем кој не може да се реши ниту со операција, едноставно нема решение. Стапалото на левата нога е уништено од трчање, брзо се воспалува, не може долго да издржи напор и постојано ме боли, без разлика дали носам патики или чевли со потпетици. Некогаш имам грчеви среде ноќ, не помага ниту инјекција. Моите планови се врзани за закрепнување. За една недела треба да се знае кога и дали ќе се вратам на терен. Не сум пријавена за ниту еден турнир во 2019“, рече Радванска, која е падната на 75-тото место на ВТА-листата.

Таа во 2012 година беше финалистка на Вимблдон, кога дојде и до втората позиција на светската ранг-листа, а во 2015 триумфираше на завршниот турнир во сезоната. Во кариерата освои 20 ВТА-пехари.

 

- Оглас -

Најнови вести