Ѓоковиќ може да го загуби првото место, но има време да меша со стомачна танчерка (Видео)

Шпанецот Рафаел Надал може да се врати на првото место на светската ранг-листа на најдобри тенисери, и тоа уште в понеделник. Но, за да се случи тоа, Надал мора да го освои турнирот во Акапулко, каде што е главен фаворит, а истовремено треба да чека Новак Ѓоковиќ да не стигне до полуфиналето во Дубаи.

Рафа своето учество во Мексико го почнува вечерва против Пабло Андухар, а Србинот имаше успешен старт во Дубаи против Малек Џазири и утре претпладне му следува дуел со Филип Колшрајбер.

Во игра на двојки, Ѓоковиќ убедливо загуби во првото коло во Дубаи, неговиот тандем со Марин Чилиќ не се покажа како добар, па сега Новак може да се фокусира само на сингл-мечевите. Тој нема пораз во сингл годинава.

Освен што игра тенис, Ноле и добро се забавува. Доказ е оваа снимка на која во главна улога е Ѓоковиќ со помош на една ориентална танчерка:

- Оглас -

Најнови вести