Рафаел Боре со бомба ја „скина“ мрежата на Барселона – Ајнтрахт има супер предност (ВИДЕО)

Рафаел Боре го постигна еден од најубавите голови во Лигата на Европа и му донесе водство од 2:0 на Ајнтрахт Франкфурт против Барселона по првото полувреме.

Колумбискиот напаѓач погоди во 36-тата минута со фантастичен шут од 20 метри, по кој го остави Тер Штеген по вторпат да ја вади топката од својата мрежа.

Со тоа Каталонците имаат вкупна негатива од 1:3, откако во четвртата минута Филип Костиќ беше успешен реализатор на пеналот, кој го направи Ерик Гарсија.

Глазгов ренџерс има водство од 2:0 против Брага, додека Вест хем со голот на Крег Досон во 38-мата минута и Деклан Рајс во 44-тата минута води на гостувањето кај Лион.

Во Конференциската лига, пак, Рома води со убедливи 3:0 против Бодо/Глимт, и тоа со головите на Абрахам (5′) и Николо Занонио во 25-тата и 29-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести